Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Изборите ќе бидат успешни, техничката Влада е подготвена да го овозможи тоа

Собранието штотуку ја изгласа техничката Влада во која досегашната министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска продолжува да го води овој ресор.

Таа на својата официјална Фејсбук страна им го честитата мандатот на новоизбраниот премиер Талат Џафери, како и на новите министри и заменици-министри истакнувајќи дека и овој состав на Владата продоложува со работа на зацртаните приоритети и цели.

„Сигурна сум дека ќе имаме успешни парламентарни и претседателски избори, во демократски услови, на кои граѓаните ќе одлучат државата да продолжи напред и да го задржи својот проевропски пат“, вели Костадиновска-Стојчевска.

Костадиновска-Стојчевска додава дека учеството на сите партии во техничката Влада и меѓусебната соработка е гаранција дека со заедничка работа ќе биде успешно организиран изборен процес, што според неа е во интерес на граѓаните и иднината на државата.

„Во следните 100 дена имаме голема одговорност и обврска да спроведеме слободни, фер и демократски избори, за да не оставиме простор за сомнеж ниту пак причина да се фрли дамка на изборниот резултат. И подготвени сме за тоа“, уверува министерката за култура.

За избор на техничката Влада „за“ гласаа 68 пратеници, а три, „против“.

Техничката влада има мандат од 100 дена, период во кој треба да ги спроведе претседателските избори на 24 април и парламентарните избори на 8 мај, на фер и демократски начин, преку учество на министри и дополнителни заменици – министри од опозицијата во клучни ресори.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК