Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Каевски: За 100 дена, на 8 мај, европскиот блок предводен од СДСМ ќе прогласи победа на изборите

Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ, туку враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии. Затоа, ова ќе бидат единствените 100 дена кога ДПМНЕ ќе има можност да биде власт, потоа повторно заминува во 4 годишна опозиција, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски денеска во македонското Собрание при изборот на техничката Влада.

-Во овие 100 дена ќе го поразиме концептот на хорот и враќање назад којшто го промовира Мицкоски. На 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ! На слободни, фер и демократски избори ќе победи европскиот блок. А на 9-ти мај, Денот на Европа, европскиот фронт ќе прогласи формирање нова проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година, потенцираше Каевски.

Пратениците од мнозинството предводено од СДСМ работеа за граѓаните, носеа закони за финансиска поддршка вредна 2,6 милијарди евра, за поголеми плати, пензии, намалување на давачките за народот. Но и одлуки со кои се овозможи почеток на преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет. Од друга страна ДПМНЕ и Левица спроведуваа активна блокада и наместо за граѓаните делуваа против интересот на државата. Дури ја блокираа и европската иднина на земјата и реформите на европскиот пат, што беше нотирано и во Извештајот на Европската комисија, рече Каевски.

-Тие два концепти сега повторно ќе се судрат на изборите оваа година. Нема трето, нема нешто помеѓу. Хорор и влечење за коса со Мицкоски и ДПМНЕ или европска иднина и поголеми плати со СДСМ и проевропскиот блок е изборот што им се нуди на граѓаните пред претстојните избори. На 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ!, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК