Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Изборот е хорор со Мицкоски и ДПМНЕ или европска иднина и поголеми плати со СДСМ

-Мицкоски најавува хорор и влечење за коса. ДПМНЕ не може да донесе ништо добро за земјата ниту за граѓаните. Тоа е истата режимска партија во која ништо не се променило, соопшти СДСМ.

„Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ, туку враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии.

Од друга страна се СДСМ и Ковачевски кои гарантираат безбедност, стабилност, демократија, слобода и европска иднина на сите граѓани со поголеми плати и пензии, со поголем живтен стандард.

Хорор и влечење за коса со Мицкоски и ДПМНЕ или европска иднина и поголеми плати со СДСМ е изборот што им се нуди на граѓаните пред претстојните избори.

На 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ!“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК