9.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Од промената на власта во 2017 година, минималната плата е зголемена 4 пати, од март следи ново покачување!

Од промената на власта во 2017 година, минималната плата е зголемена 4 пати, а од март следи ново покачување!

Од 2017 година, со промена на власта, минималната плата постојано растеше и сега изнесува 20.175 денари.

За 6 години минималната плата се зголеми 4 пати, а во 2024 следи ново покачување.

Прво се зголеми на 12.000, потоа на 15.200 денари, па на 18.000, а од оваа година таа изнесува 20.175 денари.

За сите вработени, од месец март 2024 година, минималната плата ќе се зголеми на 22.500 денари.

Најниската плата во Македонија од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Ова е повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година.

Пред само неколку години минималната плата изнесуваше само 8.800 денари, а околу 90.000 работници во чевларската, текстилната и кожната индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум.

Тогашната власт пред светот ја прикажуваше Македонија како земја со евтина работна сила.

Денес, минималната плата важи за сите стопански гранки, а со донесеното законско решение, ќе расте секоја година, во март.