15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Лидл е новата германска инвестиција, вредна 80 милиони евра

-Економските мерки и политики на СДСМ создаваат услови за нови инвестиции, поволен деловен амбиент за инвеститорите и нови и подобро платени работни места. Потврда е влегувањето на македонскиот пазар на трговскиот ланец Лидл, препознатлив во регионот и светот по својот квалитет и цена, соопшти СДСМ.

„Со инвестиција од 80 милиони евра во изградба на современ логистички и дистрибутивен центар во индустриската зона во кумановска Речица, Лидл планира најголема и долгорочна инвестиција во државава.

Вакви големи инвестиции го поттикнуваат развојот на економијата, носат нови добро платени работни места за граѓаните.

СДСМ продолжува со успешните економски политики, кои создаваат стабилна, развојна и динамична економија, привлечна дестинација за инвеститорите.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Јовановиќ за РАЦИН.МК: Алта банка може да ја наруши финансиската стабилност во земјата, гувернерот да не го одобри преземањето на Стопанска банка Битола

C +

„Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост

C +

Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите

C +