Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Најдобри резултати на МВР во последните 30 години, намалување на вкупниот криминалитет за 8%, доверба од над 65%

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на панел дискусија во рамки на владината конференција „Година на европски можности”, се осврна на успесите на МВР изминатиот период и за вратената доверба во полицијата.

„Можам со доза на професионална гордост да потенцирам дека Министерството за внатрешни работи ги надмина минатогодишните достигнувања во работењето на полето на безбедноста, кои, да потсетам, беа најдобри во последните 30 години. Статистиката говори за континуитет во намалувачките трендови на криминалните области, поточно годинешниот просек говори за намалување на вкупниот криминалитет за 8%, наспроти ланските 6%, со постигната ефикасност на полицијата од околу 60%. Одлични резултати постигнавме и во спречување на организираниот криминал и шверцот со наркотици”, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека откако го презеде раководењето со МВР, од доверба со 23%, денеска македонската полиција има над 65% доверба кај граѓаните. Воедно, Спасовски истакна дека МВР денеска е во топ 3 транспарентни институции.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК