Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања на Фејсбук:

Денес, заедно со колегите од пратеничките групи се состанавме на координативна средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На последната координација со претседателот на собранието, зборувавме за превземањето на следните чекори кои ќе бидат од витално значење за продолжување на стратегијата за успешна евроинтеграција на државата, за клучните демократски процеси кои следуваат и за нашата посветеност во надминувањето на предизвиците со стабилен, одлучен и државнички став.

Убеден сум дека упорноста и рационалноста на сите нас заедно, ќе донесат реализација на европската перспектива која скоро, можеме и да ја реализираме.

Му благодарам на Талат Џафери за демократскиот капацитет и посветеноста во водењето на Домот на македонската демократија, а за новиот претседател кој ќе биде избран од Собранието посакувам успех и видливи резултати во демократскиот исчекор.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА МОЖНА БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ – Протест во Крива Паланка од 11 часот поради неконтролираното движење на добиток

ДЕСК

ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ И АПТЕКИ ВО САБОТА – Каде граѓаните можат да ги проверат здравствените услуги

ДЕСК

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ДЕСК