26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Реализирани бројни проекти – се вложува во унапредување и модернизација на здравството

Дека се вложува во унапредување и модернизација на здравството, доказ се и последните реализирани проекти, кои ги објави СДСМ.

Преку овие инвестиции се создаваат подобри услови за лекување на граѓаните. Реализирани се следните проекти:

-Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, е модернизирана со набавка на нови апарати, во вредност од 1 милион евра.

-Набавен е нов современ апарат за литотрипсија, нов апарат за мамографија со томосинтеза, и лапароскопски столб за изведување на минимално инвазивни хируршки процедури, кој веќе е ставен во функција во оваа Клиника.

-На Клиниката за ортопедија е пуштена во употреба комплетно реновираната современа хируршка сала, со што се заокружува еден процес кој значи осовременување капацитетите за лекување, интервенции и закрепнување на пациентите.

-Со инвестиција од 15 милиони денари, се овозможува Клиниката да има зголемен број на операции за 20% на годишно ниво а со новата опрема за пациентите се обезбедува современа и комплетна грижа.

-Новата Клиника во Козле, од Институт за белодробни заболувања прерасна во клиника каде се овозможува и специјалистичка нега на терцијално ниво.

-Набавени се голем број на нови апаратури во клиниката за гастроентерохепатологија со комплетно реновиран нов оддел, потоа одделот ендокринологија, Клиниката за токсикологија, како и други клиники, поликникики и болници ширум државата.

-Граѓаните од Сарај за прв пат по 50 години добија модерен поликлинички центар, вреден 1,3 милиони евра.

Покрај реализацијата на бројни проекти во здравството, последниве неколку години платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани, а корегиран е и коефициентот за дежурства.

Во изминатиот период се пуштени во употреба и голем број нови реновирани здравствени објекти, како и нова опрема ширум медицинските центри во државата.