Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук:

Во пресрет на утрешниот Лидерски состанок во Скопје, посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија, вечерва во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ.

Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност, напиша Ковачевски вчера на социјалната мрежа Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК