Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски ги пречека колегите од регионот и високите претставници од ЕУ и САД на Лидерскиот состанок во Скопје

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски е домаќин на Лидерски состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија, а на којшто присуствуваат лидерите од регионот, како и високи претставници на ЕУ, САД и на меѓународните финансиски партнери.

За состанокот во Скопје, пристигнаа лидерите од регионот, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Албин Курти, претседател на Владата на Република Косово, Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора, како и Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија, Марко Маковец, заменикот на генералниот директор за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи (EEAC), Џејмс О’Брајaн, помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД.

Потоа, претставници на регионалните организации, Советот за регионална соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Зaпaден Балкан- 6, УСАИД, потоа Фондација отворено општество, Центарот за Европа, Атлантски совет, како и повеќе меѓународни финансиски институции, Европската инвестициона банка, Европската банка за обнова и развој и Светска банка.

Премиерот Ковачевски го оцени состанокот како значајна порака на поддршка на европскиот пат на нашата држава, во клучни моменти за македонската европска иднина.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК