Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски на сите граѓани од православна вероисповед им го честита празникот Богојавление – Водици

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сите граѓани од православна вероисповед им го честита празникот Богојавление – Водици:

“Почитувани граѓани од православна вероисповед,
Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам Богојавление – Водици, празникот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.
На овој ден кога водата станува симбол на чистота и обнова, нека се разлие благосостојба во секое семејство и дом и нека ни биде потсетник за обновување на нашата вера и духовно просветлување.
Водици е празник на длабоките вредности на христијанството – љубовта, милоста и прошката. Нека оваа светла порака биде водич во нашиот секојдневен живот, поттикнувајќи нè на дела на добрина и соживот.
Ви посакувам благословени Водици.
Бог се јави!”

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2%, додека СДСМ е втора партија со поддршка од 8,6% од граѓаните

ДЕСК

Манасиевски: Со што е уценет Филипче за да направи ново предавство на Македонија?

ДЕСК

НЕВРЕМЕТО ПОЧНА: Во овие делови од Македонија има засилен пороен дожд, грмежи и сувоградица

ДЕСК