26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кој загадува? Скопје се гуши иако „дежурниот виновник“ УСЈЕ не работи

Лош квалитет на воздухот бележи интернет страницата Скопје пулс еко www. skopje.pulse.eco. Според податоците измерени се 220 ПМ10 микрочестички на метар кубен во местото Теферич, а состојбите со слични и на другите локации во градот. Така на пример во Центар поточно во Маџир Мало измерени се 177 ПМ 100 на метар кубен, во Тафталиџе и 132 ПМ 10 на метар кубен а во Сарај и Ѓорче Петров измерени се 156 и 157 ПМ 10 на метар кубен.

Состојбата во главниот град е ваква во изминатиот период, вклучуваќи го и периодот на а празниците, со мали варијации во деновите. Околу Божиќ состојбата беше алармантна а маглата и смогот дополнително ја влошија состојбата. За жал секоа зима изминатите 10 години граѓаните на Скопје се соочуваат со ист проблем, а истото се случува и во другите градови каде што загаденоста од почетокот на годинава беше исклучително висока. Надлежните институции со години си а префрлаат одговорноста, а досега никој не се заложи за јасно лоцирање на проблемот и можните решенија. Индустријата која е најчесто посочувана како главен виновник, сепак не е единствениот проблем. Цементарница УСЈЕ од почетокот на годинава работеше со преполовен капацитет, односно едната печка влезе во редовен ремонт, а од минатата недела во ремонт е и другата печка, што значи дека компанијата не работи, покажуваат податоците од мерењето на емисиите на компанијата кои се јавно достапни.

И покрај ваквата фактичка состојба, Невладината О2 колаиција пред два дена излезе со обвинување дека токму оваа компанија е најголем индустриски загадувач, а доказ за тоа според оваа невладина организација беа фотографии. Од компанијата ги демантираа ваквите според нив паушални тврдења и посочија дека „секоја зима компанијата се обвинува без никакви аргументи“.

Оттаму ги повикаа сите невладини организации, институции и граѓани да ги посетат и да се информираат, а истакнаа и дека поседуваат Интегрирана еколошка А дозвола, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, а дека сите операции во компанијата се следат со 24 часовен мониторинг на индустриските емисии, од страна на германскиот производител SICK, чија опрема гарантира независно мониторирање на сите точки кои се точно утврдени од надлежните институции.

Извор: Faktor.mk