Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: Се залагаме сите штитеници на МТСП да ги вклучуваме на пазар на труд преку нивна доквалификација

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска потпиша меморандум за соработка со Васка Леонтиќ, директорката на приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ“ кој ќе овозможи соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Центарот за стручна обука.

Потпишувањето на меморандумот ќе овозможи меѓусебна тесна координација, планирање и реализирање на активности во функција на социјално вклучување, осамостојување и вклучување на пазарот на труд на деца без родители и родителска грижа сместени во згрижувачки семејства или мал групен дом, на деца со пречки во развојот кои се згрижени во институции, се корисници на вонинституционалната заштита или живеат со биолошките семејства, на самохрани мајки кои не се вработени и немаат стручна квалификација, на социјално загрозени семејства кои имаат потреба од работа и возрасни лица кои не се вработени или имаат потреба од дополнителна работа.

Тренчевска со цел потпишување на меморандумот го посети и центарот за обуки заедно со штитеници на министерството за труд и социјална политика и беше дел од нивните активности со кои можеа да се покажат стекнатите искуства и знаења од веќе одржаните обуки.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија?, порача Кузеска

ДЕСК

Д-р Даниловски: Преминат е Рубиконот. Нема назад.

ДЕСК

Скопјанец уапсен затоа што возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа со повредени

ДЕСК