28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Северна Македонија стана лидер по искористеност на средствата од ИПАРД програмата, Европската Унија е наш најголем политички и економски партнер

Северна Македонија од земја која не ги искористуваше парите од европските фондови и ги враќаше назад, во последниве неколку години стана лидер по искористеност на средствата од ИПАРД програмата.Така стојат работите со македонските проекти кои се реализираат со европски пари, за жал само во ресорот земјоделие, покажуваат податоците до кои дојде ММС, а кои ни ги потврдија во Министерството за локална самоуправа.

Европската Унија не само што е наш најголем политички и економски партнер, туку и најголем донатор и инвеститор и тоа во контунуитет.

Речиси и да нема населено место во земјава на кое нема да сретнете назнака дека е реализиран проект со финасиска поддршка на Европскната Унија која од македонските општини пред се бара иновативни проекти кои ќе понудат нови решенија за квалитетни услуги и подобра живеачка на граѓаните. Во овој контекст премиерот Димитар Ковачевски во една прилика објави податок дека во ИПАРД 2 Програмата ЕУ даде 60 милиони евра, за ИПАРД 3, а за Европската Унија на нашата земја ѝ одобри 97 милиони евра.

Тоа, како што објасни премиерот се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да ѝ ги вратиме, настрана што кон крајот на октомври во 2020 година беше отворен повикот „ЕУ за општините”, тежок 10 милиони евра, исклучиво наменет за проекти на кои можеа да аплицираат сите општини.

Познато е дека со години нашата земја одеше по трнливиот пат до европските пари, соочени не само со незнаење како да се одговори на европските барања и стандарди, туку и со недостиг на кадар, идеи како да се понудат квалитетни проекти кои ќе ја заслужат европската поддршка. Во овој контекст, не може да се запостави и фактот дека имавме и злоупотреба на европски пари од поединци кои фрлија дамка на европското пријателство, но по спроведени истраги вистината излезе на виделина, а виновниците беа санкционирани. Некои случаи се уште се во истрага. Сепак, и по овој неславен дел од македонската приказна Европската унија не ни ускрати од својата дарежливост и поддршка. Напротив, финасиската поддршка доби уште поголема тежина.

Оттаму, редакцијата на ММС во намера да прикаже како стојат работите, дали чекориме напред во однос на квалитетот на понудените проекти, а со тоа и на искористеноста на европските пари побаравме одговор од претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски и од министерот за локална самоуправа Ристо Пенов: За три години – нула реализација.