Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ДПМНЕ знае само за раце во медот, три пати поскапа машина купена во Велес од иста таква во Центар

-Одлика на ДПМНЕ се рацете во медот, овој пат со набавка на машини по астрономски цени, соопшти СДСМ.

„Општина Велес, раководена од ДПМНЕ набавува една машина за бележење хоризонтална сигализација за 42.000 евра.

А општина Центар, купува иста таква машина,за три пати помала цена, односно околу 13.000 евра.

Разликата е огромна, или точно 29.000 илјади евра! Само од една машина.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Одговорност за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК