Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ордановски: Во државата никогаш не сме постигнале консензус за клучните прашања

Политичкиот аналитичар и новинар, Сашо Ордановски во Студио на Слободен печат истакна дека на државата и недостасува политички и општествен консензус за многу важни теми и прашања.

„Никогаш во Македонија не сме успеале да постигнеме консензус за клучните теми, не е тоа само интеграција и ЕУ. Пример реформа во образование, вие немате концепт околу кој сите ќе се договорат за формата за наредните десет години без разлика кој е на власт. Реформа на пазар на труд реформи за земјиште, тоа се суштински реформи што овде не се прават и за кои нема консензус. Македонија се уште нема консензус дали сака да биде модерна држава“ посочи Ордановски.

Ордановски истакна дека прогресивните и демократски политички сили мора да изградат наратив што ќе се спротивстави на националистичкиот наратив на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +