Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Богоев во фабриката Дрекслмајер: Царинската управа е во служба на компаниите

„Зголемувањето на ефективноста на Царината резултира со подобрување на условите за работа на компаниите“ е заедничкиот заклучок од состанокот на директорот на Царинската управа Стефан Богоев и генералниот директор на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер.

При денешната посета на компанијата, Богоев го информирал Мирингер за мерките и активностите што македонската Царина ги презема за да го олесни функционирањето на големите компании.

„Особено ни е драго што странските инвеститори Царинската управа ја истакнуваат како институција со која успешно соработуваат. Целта на сите мерки и активности што ги преземаме во моментов е олеснување на трговијата и забрзување на транспортот со цел зголемување на конкурентноста на компаниите на меѓународниот пазар што ќе резултира со поголеми приходи во Буџетот и повеќе пари за инфраструктура“, истакнал Богоев.

Од друга страна, генералниот директор на Дрекслмајер Македонија изразил задоволство од досегашната успешна соработка со Царината.

„Од основањето на Дрекслмајер Македонија во 2012 година, воспоставивме добра соработка со Царинската управа која ја одржуваме изминативе дванаесет години. Како германски инвеститор и снабдувач на премиум автомобилската индустрија, горди сме што имаме можност да дадеме значаен придонес за економскиот развој. Нашата долгогодишна соработка, која се карактеризира со одговорност и меѓусебна доверба, претставува цврста основа за Дрекслмајер Македонија и понатаму да продолжи успешно да испишува автомобилска историја во земјава“, посочил директорот Лукас Мирингер.

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Фрчкоски: Кога седна Орце во фотељата кога омилената фрима на ВМРО доби тендер?

ДЕСК

Удрил во полициски службеник и побегнал

ДЕСК

Крадци завршиле со празни раце откако се обиделе да ограбат бензинска пумпа во Кисела Вода

ДЕСК