Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

196 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (17.01.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 75 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Почина 24 годишен скопјанец – дошол да спие кај другарот, но не се разбудил, а јавен обвинител нареди обдукција

ДЕСК

Избила тепачка меѓу две возрасни жени во Скопје – полицијата најави документирање на случајот

ДЕСК

Со тротинет прегазила скопјанка и побегнала

ДЕСК