Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

180 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.01.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои 37 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за возење без возачка дозвола, 13 мерки за користење на мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК