Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повремени врнежи од дожд и засилен јужен ветер

Денеска, на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час), што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните делови, каде што ќе бидат пообилни. В петок ќе настапи преодно стабилизирање, велат од УХМР.

Промена на времето ќе има в сабота кога под влијание на влажен и студен бран ќе има врнежи што ќе бидат претежно од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, особено во западните делови.

На планините ќе се формира значителна снежна покривка (над 30 см), а во пониските места од 3 до 10 см. Ќе дува засилен северен ветер, особено по должината на Повардарието и температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.

Во Скопје в сабота времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег и ќе се формира помала снежна покривка.

Можеби ќе ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, Левица бара итно да се повлече предлог-законот

ДЕСК

Фрчкоски: Мицкоски го копира Вучиќ – Савески да постапи по закон, а не по наредба!

ДЕСК

Мицкоски за Алта банка: Хорор-соништата на СДСМ нема да станат јаве

ДЕСК