Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Државната секретарка во МВР ,Магдалена Несторовска на средба со Претставникот на УНХЦР во земјава, Габриел Гуалано Де Годој

Денеска, среда (17.01.2024) државната секретарка во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Магдалена Несторовска оствари протоколарна средба со новоназначениот Претставник на УНХЦР во земјава, Габриел Гуалано Де Годој, посакувајќи му добредојде во земјава и успешен мандат.

На средбата, од страна на двајцата соговорници беше истакната исклучителната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и УНХЦР, за што беше изразена заемна благодарност и признание. Беа потенцирани некои поважни моменти од соработката во изминатиот неколкугодишен период, како и заеднички постигнатите резултати, беа разменети мислења во однос на поважните тековни прашања, со осврт на можните идни чекори во однос на натамошната соработка.

Државната секретарка, Несторовска изрази заложби и отвореност за натамошно унапредување на соработката во сите области во рамките на мандатот на УНХЦР, особено во однос на заштитата на бегалците и искоренување на појавата на бездржавјанството. Притоа, во однос на досега постигнатото, Гуалано Де Годој ги пренесе благодарноста, но и како што посочи и признанието од Високиот комесар за бегалци на Обединетите Нации, г. Гранди, дека Република Северна Македонија се цени како лидер не само во регионот туку и во светски рамки, изразувајќи отвореност за натамошна поддршка од УНХЦР за прашања од взаемен интерес.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК