Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Рамадани: Албанската опозиција во Македонија има поквалитетни луѓе од експонентите на Курти

„За еден косовски медиум дадов изјава, дека кога се споредуваат министрите во косовската влада и Албанците во нашата влада, компететно велам дека Албанците во нашата влада се поспособни. Нема структура Курти во Северна Македонија кај Албанците која е поквалитетна и подобра“ рече политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека албанската опозиција во Северна Македонија има поквалитетен кадар од тој на Курти и оттука не гледа причина да се вклучува партијата на Курти во изборната коалиција.

„Во исто време, не треба да се дава повод за коментари. Ако си против една политика на Српски свет, со руско влијание, тогаш не треба да играш на тезите на Албански свет, на тезите на Вучиќ, кои се руско-српски. Не може да се бориш против таквите тези, ако влетуваш во таа формула и сам“ рече Рамадани.

Тој додаде дека дејствувањето на Курти во земјава само ќе даде сила и алиби на проруските и просрпските влијание, кои и така во нашава држава имаат структури и уточишта.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК