Политичкиот аналитичар Мерсел Биљали во Студио на Слободен печат истакна дека многу време е изгубено во одложувањето на решението на спорот со Грција и дека ако тој проблем се решел порано, сега Македонија би била во сосема поинаква позиција.
„Ние проблемите со Грција требаше да ги решаваме многу порано, со што многу порано ќе бевме членка на ЕУ и сега ќе бевме развиена држава со просечни плати од 1200-1300 евра и многу понапред од Бугарите“ рече Биљали.
Аналитичарот укажа на свесно експлоатирање на емотивниот пристап на граѓаните кон односите со соседите, а тоа според него претставува опасност по иднината на државата.
„Тој емотивен пристап што подолг период се држи во живот, ја уништува иднината на државата. И претпоставувам дека ако луѓето продолжат нерационално и со емоции да тераат и политички да се ескплоатира тоа носи уште полошо. Таквиот однос не води никаде и ако се направи една проста анализа, со вакво однесување Македонија за 50 години ќе остане празна, а 50 години и не се така далеку како што се чини.