Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Арсовски: По посетата на О’Брајан ќе станат јасни многу работи околу коалициите и можните претседателски кандидати

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски, оценува дека посетата на помошник државниот секретар на САД Џејмс О’Брајан и случувањата во деновите по неа ќе бидат особено важни за политичката ситуација во Македонија, особено во делот на предизборието.

Арсовски во емисијата Студио 10 на ТВ 24 порача дека по посетата на високиот американски претставник ќе станат јасни доста работи околу коалициите и можните претседателски кандидати.

„Од посетата на О’Брајан очекувам сСериозен политички притисок за одблокирање на преговорите со ЕУ, затоа што тоа за САД стратешка цел е членство во ЕУ и на Македонија но и на целиот Балкан. Исто така очекувам дека ќе се направи обид за формирање на тој европски блок кој во моментов не е формиран и по таа посета многу работи ќе бидат појасни и ќе имаме една почиста политичка слика и околу можните претседателски кандидати, околу можните коалиции за парламентарните избори и така натаму“ порача Арсовски.

Арсовски на изборите очекува јасна поделба на два блока, едниот кој ќе биде за продолжување на европските интеграции и втор блок кој ќе се спротивставува на тоа.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК