Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Сакциониран возач со 3,7 промили алкохол во Петровец

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на изминатата вечер 13/14. 01.2024 спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје. Вкупно се санкционирани 19 возачи, а кај еден возач кој бил запрен во општина Петровец биле измерени 3,7 промили алкохол во организмот. Тој е исклучен од сообраќај и против него се поднесени соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со акциските контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК

Тешко повреден 33 годишен скопјанец на работно место во фабрика

ДЕСК