Интегрален текст од денешната прес-конференција на Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:
Нова афера со астрономски суми, односно сомнителни јавни набавки со цени над реалните ги тресе градоначалниците на ДПМНЕ.
Податоците и документите јавно објавени во дел од медиумите покажуваат дека градоначалниците на ДПМНЕ преку општините купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена.
Општина Битола на пример, набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација за речиси 50.000 евра, или точно 2 милиони и 950 илјади денари.
Иако вакви машини може да се најдат и за 2-3 илјади евра, па дури и помалку.
Замислете, станува збор за разлика од 47.000 евра!
Општина Велес исто така набавила ваква машина по исто така астрономска сума од 42.000 евра. Разлика од речиси 40.000 евра.
Прашањето е во чии џебови завршила разликата?
Особено имајќи предвид дека општина Илинден набавила иста таква машина по три пати помала цена од оние во Велес и Битола?!
Дали е ова уште еден пример за рацете во медот на првите луѓе во општините од страна на ДПМНЕ?
Сите овие информации се основано сомнение за злоупотреба на парите на граѓаните.
Го повикуваме надлежното Јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да постапат, да го испитаат целосно случајот.
Рацете во медот е одлика за градоначалниците од ДПМНЕ и Јавното обвинителство и ДКСК мора да постапат.
Ако е ова шема за испумпување народни пари преку општините водени од ДПМНЕ мора да има одговорност.