Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Вевчани завиено во црно, Мицкоски посакува добро расположение

Вевчани е завиено во црно и тага откако 19-годишно момче го загуби животот во сообраќајна несреќа непосредно пред почетокот на Вевчанскиот карневал, но лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите им посака добро расположение на традиционалниот карневал.

Целото село денес е погодено од трагедијата, но лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во изјавата за медиумите како да живее во паралелен свет, посакува добро расположение на карневалот.

„Очекувам успешен ден и покрај тоа што го изразувам моето најискрено сочувство за инцидентот кој што се случи во раните утрински часови овде во Вевчани. И посакувам денот да помине во добро расположение“, рече Мицкоски.

Загинатото 19-годишно момче е син на поранешниот пратеник од партијата на Мицкоски, Крсто Мукоски. Мукоски беше исклучен од партијата откако гласаше за уставните измени за промена на името, а токму тој политички став на поранешниот сопартиец на Мицокски, беше причина огромен број симпатизери на опозициската партија да се ситат на трагедијата.

На социјалните мрежи со недолични коментари ликуваа на смртта на 19-годишното момче, веројатно лути на политичките ставови и активности на неговиот татко.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК