Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мендух Тачи во „Политиканти“: Во вакви тешки 6-7 години ние имаме одлични резултати- членка на НАТО е големо достигнување

„Оптимист, уште не е завршена работата,“порача пратеникот и претседател на ДПА, Мендух Тачи во третата епизода од втората сезона на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“ на прашањето на новинарите Борјан Јовановски и Сашо Ордановски во однос на севкупната македонска политика во предизборниот период.

Тој се наврати на изминатите 30 години и посочи дека е горд на тоа дека Македонија во споредба со другите поранешни републики на Југославија се спаси со многу мал данок во губење на имот и луѓе и е единствена држава која сеуште опстојува на варијантата не територијална делба на луѓето.

„Имавме последните 6-7 години тешки ситуации, каде Владата во која и јас формално учествувам, и никој, ниту јас не верував дека ќе имаме вакви резултати- членка на НАТО е големо достигнување. Но, не добивањето односно не отворањето на вратата на ЕУ не става под голем стрес. Верував дека ќе успеме да го направиме последниот чекор, последната врата, отворање на уставот но не успеавме,“ посочи Тачи.

Тој се осврна на опозицијата која како што посочи, успеа да не донесе до таква ситуација да не се направат уставни измени, со цел да направи рејтинг и со тоа да цели кон победа на избори.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК