Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај

Во текот на вчерашниот ден (11.01.2024) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Скопје и Штип беа реализирани превентивни активности во делот на безбедноста во сообраќајот.

Притоа полициските службеници од овие Сектори за внатрешни работи во градовите Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Кавадарци, Скопје и Пехчево, а во соработка со РСБСП, разговараа со граѓаните и возачите на теми од областа на сообраќајот кои што се исклучително важни за поединечната и општа безбедност во сообраќајот. Така, во рамки на повеќето сообраќајно-превентивни кампањи: „Алкохол и волан – најлоша комбинација“, „Користи зимска опрема“, „Вози одговорно- прилагоди ја брзината“, потоа „Не користи мобилен кога возиш“,„И јас и ти сме пешаци“, „Безбедноста на прво место“, како и „Паркирај совесно и одговорно“ беше апелирано до граѓаните, во интерес на минимизирање на ризиците, за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, а воедно беа делени едукативни летоци со информативни содржини од посочените области.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски објави семејна празнична фотографија: Ова се празници на љубов, дарување и почитување

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕЖНА БАЈКА: Циклон носи многу снег во делови од Македонија – Врнежите почнуваат од Божиќ, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Го празнуваме Бадник ден пред Божик – како огледало на годината што доаѓа

ДЕСК