Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Меџити за пукањето во болницата во Тетово: Лични проблеми, не е поврзано со установата

Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека пукањето пред болницата во Тетово било поради лични нерачистени проблеми меѓу инволвираните лица и нема никаква поврзаност со болницата.

Според информациите од полицијата, тешки телесни повреди добиле А. М. (41) и З. М. (36) од тетовското село Гајре. Двајцата повредени се наоѓаат на КАРИЛ, а министерот рече дека едниот е во потешка состојба од другиот.

Приведени беа четири лица за пукањето, а по едно сѐ уште едно се трага.

Како што информираа од СВР Тетово, синоќа се приведени Р. Т. (35) и М. Т. (44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш. Е. и Н. М. (39) поради сомнение за нивна инволвираност во пукањето што се случи околу 18 часот.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК