Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Иванова во Студио на Слободен печат: Медиумите имаат обврска да ја промовираат културата

Во гостување во студиото на Слободен печат авторката Тина Иванова оцени дека медиумите имаат важна улога во промоцијата на културата кон пошироката јавност.

„Медиумите мора да се посветат на промовирање на културата. Секој ден буквално, па дури и во вестите треба да има прилози и теми од културата, потребни ни се и културни емисии какви што ги гледаме на телевизиите во соседството“ заклучи Иванова.

Таа додаде дека брзиот начин на живот, социјалните медиуми ги менуваат животните навики на луѓето, но истакна дека во нашата држава голем дел од луѓето се уште редовно читаат книги, одат на концерти и претстави.

,,Ме радува фактот што се читаат нови македонски автори но и автори од современата европска книжевност” порача Иванова.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК