Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Иванова: Брзиот начин на живот и инстант културата влијаат врз читањето, но кај нас се уште се читаат книги

Интернетот, брзиот начин на живот, инстант културата, влијаат денеска граѓаните многу ппомалку да читаат, отколку што тоа било порано, смета авторката Тина Иванова во утринското студио на Слободен печат.

„Брзиот начин на живот, инстант културата влијаат доста. Ние немаме време, кој од нас има време да чита роман на Достоевски или комплентни дела од Толстој.Порано луѓето културата ја впивале преку читање книги и преку одење на „живи“ концерти сега нас тоа ни е достапно во секој момент, слушаме музика и додека одиме по улица, не мора да одиме ниту на концерт, што за мене е трагично, затоа што живата изведба и читањето на книги е сосема поразлично искуство и чувство и воопшто, учење и спознавање, отколку што го впиваме инстант. Сега е модерно да читаме извадоци од книги, флоскули, мудрости и мудри изреки и мислиме дека го знаеме Достоевски.Но не е така, неговот дело е многу подлабоко од некоја негова реплика“ вели Иванова.

Но сепак таа смета дека се уште постојат многу луѓе кои се уште читаат книги во традиционална, печатена форма.

„Но и покрај се, јас познавам многу луѓе кои читаат доста книги. Од она што го знам е тоа дека посоти интерес за новите македонски автори, но и за современата европска литература, за нови шпански и италијански автори.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК

СЕДУМ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Дел возеле без дозвола, други под дејство на алкохол

ДЕСК

УТРЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ – МВР најави ограничувања поради официјална посета

ДЕСК