Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Меџити: Целосно реновирана првата операциона сала на Клиниката за ортопедија

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска беше во посета на Универзитетската клиника за ортопедски болести по повод пуштање во употреба на реновираната прва операциона сала која е во склоп на оперативниот блок.

Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

„Денеска сме во посета на Универзитетската клиника за ортопедски болести за убав повод, а тоа е пуштање во употреба на реновираната прва операциона сала која е во склоп на оперативниот блок кадешто има 4 операциони сали.

Станува збор за целосно реновирање на првата операциона сала со помошни простории (соба за одмор и соба за премедикации околу 150 квадратни метри). Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 15 милиони денари, обезбедени од Фондот за здравство и со средства од донации.

На Клиниката за ортопедски болести годишно се изведуваат 1600 операции, а сега со новата реновирана операциона сала бројката ќе се зголеми и ќе стигне и до 2000 оперативни зафати на годишно ниво. Оваа сала не беше во употреба од 2017 година и со нејзиното реновирање сериозно ги зајакнуваме капацитетите на установата.

Би сакал да истакнам дека оваа клиника е пример за успешно менаџирање на јавно-здравствена установа. Пред 3 години комплетно беше реновирана Клиниката, а исто така се изведе и првата трансплантација на коска во државата. Пред еден месец, со буџет од Министерството набавивме нов артроскопски столб наменет за пациентите. Редовно се инвестира во нова опрема, импланти и се вложува во здравствените работници.

Среќен сум што ги подобруваме условите за работа на вработените, но и за престој на пациентите во болница. Вложуваме во инфраструктурата, во нова опрема, лекови и медицинскиот кадар“, изјави Меџити.

Можеби ќе ве интересира

Мал авион се урнал во Мавровско езеро

ДЕСК

(ВИДЕО) Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

ДЕСК

Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.