26.8 C
Скопје
1. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Шкријељ: Родовата еднаквост не е само право, туку и економска и социјална неопходност за секоја држава која сака да зборува за одржлив развој

„Сите истражувања на глобално ниво покажуваат дека жените се поодговорни и помалку подложни на корупција кога се на одлучувачки позиции. Компаниите кои промовираат диверзитет и еднаква застапеност на жените и мажите покажуваат подобри перформанси. Затоа родовата еднаквост не е само право, туку и економска и социјална неопходност за секоја држава која сака да зборува за одржлив развој“, изјави Санела Шкријељ пратеничка во македонското Собрание и долгогодишна активистска за правата на жените, маргинализираните заедници и лицата во ризик во интервју за „Трн.мк“.

Таа додаде дека има значајно зголемување на застапеноста на жените на ниво на Собрание и совети, 40%, но само затоа што има квота. Таму каде нема квоти, како споро оди напредокот.

„Се уште не сме имале жена претседателка на држава, жена премиерка. И затоа е исклучително важно да се донесе нов закон за родова еднаквост која ќе ги зајакне институционалните механизми за остварување на еднаквоста во сите области на општественото живеење“, потенцираше Шкријељ.
Таа додаде дека 50/50 мора да биде принцип секаде каде станува збор за позиции со одлучувачка моќ, притоа да се заборават жените со попреченост, жените од руралните средини, жените од помалку бројните заедници, ЛБГТИ лицата, односно сите оние кои се соочуваат со повеќекратни форми на дискриминација.

„Клучни мерки кон кои и ние како држава треба да работиме посветено за да имаме системско унапредување на родовата еднаквост се универзалниот пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, инвестирање во политики и услуги кои ќе го адресираат балансот меѓу работата и приватниот живот, што вклучува пристап до квалитетни предучилишни услуги, родителски отсуства и флексибилни работни ангажмани и овозможување на живот слободен од насилство на секоја една“, заклучи Шкријељ.