23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На бројот за итни случаи 1.894 повици за едно деноноќие

Од 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 43,92%, а 56,08% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 58,42%, кон Итната медицинска помош 36,42%, а кон пожарникарите 3,43%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, вкупно на број 1.067 повици што се за комбинирано решавање (1,73 % од „реални“ повици, заедно со другите 56,08% што се именувани како „неитни повици“), биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација, секако истовремено според стандардните оперативни процедури во координација со ангажираните институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Инаку, вчера имало регистриран само еден пожар на отворено во Скопско, којшто не се регистрира како помала интервенција. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје од 12:20 до 13:00 часот, вчера, со едно ПП возило и четири пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на ул. „Маџари“ во Општина Гази Баба. Во изминатото деноноќие имале уште една помала интервенција. Овие пожари на отворено, особено во населбите или непосредно до нив, придонесуваат за полош квалитет на амбиенталниот воздух.