Centar.mk
фото Центар.мк
БИЗНИС

Новото зголемување на пензиите ќе биде во март, а помошта продолжува да тече

Согласно новата методологија за раст на пензиите тие и понатаму ќе растат два пати годишно во март и септември, пишува Biznispro.com.

Пензиите ќе се усогласуваат со методологија која ги следи инфлацијата и просечната плата.

Со новата методологија која беше утврдена минатата година, пензијата според пресметките е зголемена за 24 отсто.

Минималната пензија од 9.000 денари таа согласно последното усогласување таа порасна за околу 4000 денари односно над 13.000 денари.

Во септември лани пензијата се зголеми за 5,3 проценти. А следното зголемување се очекува следниот март, но се уште не се знае колку.

За тоа колку би било зголемувањето зависи од статистиките, но со најавата дека минималната плата ќе стигне 380-400 евра растот на пензиите следната година би требало да биде поголем од ланското зголемување. Дополнително со антикризните мерки и следните месеци пензионерите ќе добиваат меѓу 1.500 и 3.000 денари дополнителна помош на своите сметки, во зависност од тоа колкава пензија земаат.

Можеби ќе ве интересира

29.990 ДОЛАРИ ЗА ВОЗИЛОТО, УШТЕ 299 МЕСЕЧНО – Tesla отвори ограничени нарачки за Cybercab

ДЕСК

NASDAQ ЗАВРШИ ВО МИНУС, DOW ОСТАНА ВО ПЛУС – Технологијата го повлече Волстрит во петокот

ДЕСК

БРЕНТОТ НА 95,84 ДОЛАРИ, АМЕРИКАНСКИОТ ГАС ПАДНА – Како енергенсите ја завршија неделата?

ДЕСК