Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: Мултиетничко дружење на младите за Бадник во рамки на проектот „Безбедни училишта”

Денеска, (06.01.2024) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Куманово присуствуваше на мултиетничко празнување на големиот христијански празник Бадник, во кое учество земаа учениците во ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“.

Учениците кои посетуваат настава на македонски јазик беа домаќини на врсниците кои посетуваат албански наставен јазик, со возвратно дружење за време на муслиманските празници, а со цел да ги споделат своите обичаи, култури и традиции, и да празнуваат заедно во духот на почит и меѓусебно разбирање.

„Бадник е време кога се потенцираат вредностите на мир, љубов и хармонија. Нашето мултиетничко дружење ја отсликува оваа порака на младите луѓе кои потекнуваат од различни верски и етнички позадини, а кои заедно празнуваат и ги споделуваат најубавите аспекти на своите култури”, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека настанот е дел од проектот „Безбедни училишта“, кој по 13-ти пат успешно се реализира од страна на Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со локалните училишта.

Можеби ќе ве интересира

Сопственик на стан во центарот на Скопје допирал и физички нападнал млада кираџика од Србија

ДЕСК

Брутална и голема тепачка во Скопје: Причината била сообраќајна несреќа, употребени и тврди предмети – тешко утро во главниот град

ДЕСК

Пензионер доживеал хорор во зграда лоцирана во центарот на Скопје: Бил претепан и ограбен

ДЕСК