Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во Охрид, приведено едно лице, пронајдена дрога

Вчера, во 17.05 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го привеле Ѓ.Ј.(53) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана, соопшти МВР.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +