Наспроти оние кои сакаат да ја изолираат земјата, да ја променат нејзината стратешка ориентација и да ја нарушат меѓуетничката и меѓуверската хармонија, „Фронтот за Европа“ – проевропската и проамериканската стратешка определба на државата е единствениот „лек“ против регресивните и ретроградни струи.
Ова е оценка на познавачите на политичките збиднувања, зборувајќи за политичките актуелности во земјава, како и за поделбата на политичката сцена во Северна Македонија на два блока, проевропски и антиевропски (про- руски).
– Европската перспектива е најдобрата алтернатива и единствената за Северна Македонија. Ако се гледа од глобална перспектива, ќе видиме дека Европа без граници е модел сличен на САД, така што сите европски земји ќе можат слободно да соработуваат меѓу себе, имајќи слободен промет на луѓе, стоки итн. Нешто што ветува развој и економско-социјална благосостојба и за земјите од Западен Балкан. Според некои информации од НАТО, Европа ќе дели големи суми пари за безбедност, односно од секој аспект ќе бидеме посигурни во иднината на регионот и на државата, изјави за „Фронтлајн“ – Зуди Џелили – поранешен пратеник.
Ако гледаме, додава тој, од регионален аспект, отстапките што се направени на граничните точки меѓу некои земји треба целосно да се отстранат бидејќи бариерите и изолациите не им користат на луѓето овде.
– Сите ја сакаат Европа! Треба што побрзо да се потрудиме да бидеме дел од неа, нагаласи Џелили.
Од друга страна, потпретседаелот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи ја вмешаноста на „Самоопределување„ на Албин Курти во политичката сцена на Албанците изјави дека тоа може да го легитимира учеството на регионалните држави на изборите во Северна Македонија.
– Србија се јавува како најпријателска земја во македонските истражувања. Претседателот Вучиќ е доста популарен во Северна Македонија. Ако се создаде таква практика, на ангажирање политички фактори во регионот, се сеќавам дека ќе се распише регионален натпревар. Бугарите секако нема да го остават празен теренот доколку Србите тврдат дека има легитимирање на активното учество и тоа ќе ја наруши динамиката која во Македонија е стабилна во меѓуетничките односи, изјави Османи.
Политичкиот аналитичар Урим Салиу смета дека во сите овие години од независноста, Северна Македонија поминала низ тешки моменти и многу извонредни предизвици.
Според него, меѓу судирите за екстремниот национализам и нееднаквите права меѓу народите, често пати се воделе големи политички битки кои резултирале и со отворени конфликти.
– Оваа земја отсекогаш имала судири на светогледи затоа што секогаш сме имале регресивни, проруски и просрпски сили кои спречувале секој политички процес да се развива како што треба. Дури и денес, за жал, имаме мрачни сили кои сакаат да ја насочат земјата кон минатото и затоа на тие мора да им се прекине патот сега. Единствената битка која сè уште не е добиена е таа со интеграцијата. Оваа проевропска ориентација не смее да се запре и затоа политички сили со таков предзнак мора да соработуваат како единствено тело. Тоа ни треба, а не руските влијанија кои се регресивни, но кои за жал сè уште или соработуваат на политички план во Северна Македонија со одредени субјекти кои се веќе познати, вели Салиу за „Фронтлајн“.
На 19 јули 2023 година Советот на Европа ги започна пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Двете земји добија согласност да започнат пристапни преговори уште во 2020 година, но Бугарија потоа стави вето на усвојувањето на Преговарачката рамка за Северна Македонија. Бидејќи ЕУ ја третира апликацијата на дуото во „пакет“, Скопје и Тирана заедно беа заглавени на патот кон пристапување во изминатите години поради спорот на Северна Македонија со Бугарија. Францускиот предлог за решавање на ќор-сокакот меѓу Бугарија и Северна Македонија и отворањето на преговорите за европска интеграција предвидува уставни измени, за кои опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека е се „бугарски диктат“.
Дестан Јонузи
Извор: Frontline.mk