Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претрес во струмичко, пронајдена дрога

Денеска (05.01.2024) во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишија од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и шприц со црна течност.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК