Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје, велат од СДСМ

-Граѓаните на Скопје дишат загаден воздух, а градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо, соопшти СДСМ.

„Освен мнозинство во Советот на Град Скопје, ДПМНЕ има над 500 членови во управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

ДПМНЕ има градоначалници во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров а никој од нив нема ништо преземено иако помина половина од нивниот мандат.

Буквално ништо не презема ДПМНЕ против загадениот воздух. Нема нови зелени површини, нема нови дрвја. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, нема никакви еколошки проекти, не се инвестира во заштита на животната средина туку парите постојано се намалуваат.

Нема мерки ниту за намалување на тековното загадување, ниту пак долгорочни решенија за справување со загадувањето во Скопје.

Градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје ги интересираат тендери, провизии, скапи часовници, а граѓаните им се на последно место.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК