Ова е еден од најефикасните начини на кои можете да проверите дали вашиот телефон е хакиран. Ако батеријата се загрева без причина (дури и кога не е на полначот), можно е да се работи за апликација што работи во позадина, дури и кога екранот е исклучен.
За да ја проверите потрошувачката на батеријата, треба да изберете Battery, потоа Battery Usage во поставките. Побарајте нешто невообичаено, како што се непознати апликации или ненадејни скокови во проценти.
Ако забележите нешто, рестартирајте го телефонот, исклучете ја апликацијата што троши премногу и избришете ја доколку е потребно.
Рекламите често се појавуваат
Честа појава се „поп-ап“ рекламите. Сега се почесто веќе знаеме кога и каде можат да се појават.
Најдоброто нешто што можете да направите е да дознаете која апликација ви испраќа реклами (или која страница ако е веб-прелистувач), а потоа да ги исклучите.
Чудни трансакции
Доколку забележите необични банкарски изводи или трансакции од вашата сметка за кои сте сигурни дека не сте ги направиле, многу е можно да сте жртва на хакер.
За да направите се што е во ваша моќ за да спречите кражба на банкарски податоци, пред да дозволите апликација или веб-локација да ги гледа информациите за вашата картичка, проверете го нејзиниот SSL сертификат – тоа значи дека URL-то започнува со „https“, известува Make Use Of.
Сомнителни СМС пораки
Ако вашите пријатели ви кажат дека добиле некоја чудна СМС порака од вас или некој ве контактира од непознат број поради порака што наводно сте им ја испратиле, постои голема шанса дека вашиот уред е хакиран.
На овој начин, малициозниот софтвер се обидува да се „рашири“, односно да се најде во што повеќе уреди. Ако забележите некоја непозната апликација (што може да биде причина за овој проблем), не заборавајте да го блокирате пристапот до неа и да ја избришете.