Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Времето се менува: Доаѓа снег и студ низ Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Утре и во сабота претпладне времето ќе биде стабилно со магла по котлините. Под влијание на циклонска активност од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места.Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и во сабота до крајот на денот.

Нов влажен бран со врнежи претежно од дожд, само на високите планини од снег ќе започне од сабота навечер, а повремено пообилни врнежи ќе има во ноќта кон недела и во недела. Во понеделник ќе биде постудено, со услови за појава на дожд со слаб интензитет, а слаб снег ќе провејува на планините и понекаде во повисоките места.

Прогноза за 06.01.2024
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и на планините повремено засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, на планините снег.

Прогноза за 07.01.2024
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Претежно облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 08.01.2024
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, што ќе предизвика значително заладување и врнежите ќе преминат во снег и во повисоките места.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК