Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Во 2023 година Мицкоски и ДПМНЕ не направија ништо за граѓаните, блокираа и кочеа

Соопштение на СДСМ:

На крајот на 2023 година ќе остане забележано дека Мицкоски и ДПМНЕ не направија ништо добро, ништо корисно, буквално ништо за граѓаните и државата.

Цела 2023 година ДПМНЕ и Мицкоски ја кочеа државата и ги блокираа законите во Собранието кои се од интерес на сите граѓани.

Дури и во Извештајот на ЕК јасно беше посочено дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на реформите, на напредокот и европскиот пат.

Иако имавме успешен скрининг, иако имаме огромна меѓународна поддршка и отворени врати во ЕУ, не продолжува со отворањето поглавја поради блокадата на европскиот пат од страна на ДПМНЕ и Мицкоски.

Тоа е истата партија којашто се противеше на членството во НАТО.

Бројни закони во интерес на граѓаните беа блокирани од страна на ДПМНЕ во македонското Собрание.

Блокадите и кочењата на европската иднина на државата ќе го доживеат финалниот пораз на изборите во годината што доаѓа.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК