Centar.mk
фото Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Општина Илинден ја проширува мрежата за фекална канализација во населба Илинден

Општина Илинден продолжува со инвестиции во комуналната инфраструктура, со цел подобрување на условите за живот на граѓаните. Во рамки на овие активности, во м.в Плац, населба Илинден, се реализираат градежни активности за проширување на фекалната канализациска мрежа и овозможување приклучоци за домаќинствата кои досега немаа пристап до истата.

Увид во градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој посочи дека станува збор за домаќинства лоцирани во еден од најниските делови на населбата, каде што поради специфичната конфигурација на теренот досега не постоеја услови за нивно поврзување со канализацискиот систем.

Во рамки на проектот е изградена примарна канализациска мрежа и се поставени приклучоци за домаќинствата, кои преку препумпен уред ќе бидат поврзани со постојниот колекторски систем за фекална канализација. Со ова се создаваат услови за надминување на долгогодишниот инфраструктурен проблем во овој дел од населбата.

Општина Илинден и во наредниот период останува посветена на континуирано проширување и модернизација на комуналната инфраструктура, со цел обезбедување поквалитетни комунални услуги и унапредување на заштитата на животната средина.

фото Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Ги охрабруваме жените да ги претворат своите бизнис-идеи во реалност

ДЕСК

БЕСПЛАТНА ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ – Општина Центар објави повик за заинтересирани жени

ДЕСК

Збогатен возниот парк на ЈКП „Илинден“ со нов камион кипер

ДЕСК