Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Авансно исплатени субвенции за 54.000 земјоделци

СДСМ е партнер на земјоделците и обезбедува повеќе за сите земјоделци. За прв пат е реализирана авансна исплата на субвенциите, соопшти СДСМ.

„На сметките на над 54.000 земјоделци се исплатени 30 отсто од основните субвенции, во висина од над 750 милиони денари.

Авансната исплата на субвенциите е нова можност за земјоделците, која доаѓа од новиот модел за субвенционирање, подготвен заедно со земјоделците, со којшто се гарантира навремена исплата на субвенциите.

СДСМ заедно со земјоделците продолжува со креирање мерки и политики за поголема поддршка и поттикнување на домашното производство.

Со СДСМ земјоделците добиваат повеќе, со СДСМ има повеќе за сите.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Предлог-законот за јавно обвинителство на јавна расправа

ДЕСК

ПРЕСВРТ СО ВРЕМЕТО: Студена воздушна маса носи дожд и снег низ Македонија – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК