Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

130 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за користење мобилен телефон при возење… – соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +