Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Субвенциите за земјоделците ќе бидат над 150 милиони евра и за прв пат е воведена авансна исплата

„Во кризна година издвоивме највисоко ниво на субвенции. Субвенциите ќе бидат над 150 милиони евра и за прв пат е воведена авансна исплата за вистинските земјоделци“ рече премиерот Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека 40 илјади земјоделци авансно ќе ги добијат своите субвенции во текот на оваа недела, а остатокот ќе го добијат нормално во идната година.

„Го зголемивме за 20 милиони евра буџетот за субвенции за да може се да биде исплатено, а за оние гранки кои зависно од временските услови имаат потешкотии обезбедуваме уште повеќе“ рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека субвенциите за винските насади од 40 илјади денари за хектар се зголемени на 52 илјади денари, а дополнително за секој килограм откупено грозје во винариите производителите добиваат по еден денар по килограм дополнителна субвенција.

„По ставовите на земјоделците се гледа дека тие мерки се прифатени“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК