Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Само во мандатот на мојата влада пензиите пораснаа за 25 отсто во година и пол

„Кога зборуваме за пензии, сега за прв пат имаме сериозна методологија за постојан раст на пензиите. Само во мандатот на мојата Влада пензиите пораснаа за 25 отсто за една и пол година. Два пати годишно системски пензиите растат согласно зголемувањето на трошоците за живот и согласно зголемувањето на просечната плата“ рече премиерот Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека просечанта пензија е порасната за 6,5 илјади денари во однос на 2016 година и сега изнесува 21 илјада денари, додека минималната пензија е за 50 отсто поголема во однос на 2016 година и е во висина од над 13 илјади денари.

„Такви бројки немало до сега. Чести пати ги ставаат во корелација со инфлацијата, но и таму успеавме со мерките кои ги презедовме заедно со Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат и други економски ресори. Инфлацијата која беше 19 отсто ја намалвиме за седум пати и да имаме инфлација од три отсто, додека инфлацијата кај храната е само еден процент“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК