Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Со мерката за зголемување на платите за вработените во приватните компании, отвораме можност за покачување на платите од 3.000 до 9.000 денари

„Бидејќи вистински го цениме трудот на работниците, за работниците во приватниот сектор обезбедивме поддршка за поголеми плати. Со мерката за зголемување на платите во вработените во приватните компании, отвораме можност за покачување на платите од 3.000 до 9.000 денари“ рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Цивил“.

Тој додаде дека исто така продолжува и мерката за „Мој ДДВ“, која сега е со зголемен праг за исплата до 2100 денари.

„Ќе ја споменам и мерката за „Мој ДДВ“, за која го зголемивме прагот до 2.100 денари и со оваа мерка се опфатени 540.000 корисници. Ги враќаме парите назад кај граѓаните и само преку оваа мерка се вратени над 110 милиони евра назад кај граѓаните“ рече Ковачевски во интервјуто.

Тој исто така кажа дека земјоделците за прв пат добиваат авансна исплата на субвенциите, по програми за тековната година согласно новиот модел за субвенционирање воведен од Владата.

„Сите 40.000 земјоделци кои се стекнале со право за субвенции, ќе добијат авансна исплата на 30 проценти од субвенциите, исто така до крајот на овој месец“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК